"Повикот на дивината" состав за анализа на лик(Бак)
Ликот Бак иако е куче тој е претставен како динамичен лик кој е свесен за работите што се случуваат околу него и соодветно на тоа тој реагира навремено на сите појави што се случуваат во неговиот живот.Бак би бил добра личност која им помага на луѓето и е многу храбар и издржлив.Храброста и добрината на Бак се покажани и опишани во многу наврати од романот,како што било кога кучето Тори заглавил во мразот Бак му помогнал и го спасил тука гледаме дека Бак е свесно,совесно и храбро куче кое размислува за работите навреме.Тој живее како роб,луѓето го искористуваат и мачат за тој да им служи и да ги врши тешките работи што неможат тие.Во денешното мое време каде живеам е се е поразвиено,најмногу технологијата и машинската индустрија,што ни овозможува наместо со помош на кучиња како во тој период, денес мразот да се вади со машини.Кучето Бак сите го доживејуваат на различен начин,на пример кучето Шпиц Бак го гледа како негов ривал и најголем противник,потоа Тар го гледа Бак како најдобар другар кој секогаш е тука за него,а пак луѓето го гледаат Бак како роб кој е обврзан да им слугува.Бак е потполно свесен како го гледаат другите ликови и сосема е свесен за она што го прави и тоа како постапува,но и другите како постапуваат кон него и како го доживејуваат.Бак и покрај тоа што е куче тој е по совесен од многу други луѓе на светот бидејќи е несебичен и секогаш размислува и на другите и се грижи за нив.Тој го гледа светот како сурово место за живеење во кое е изложен да робува и да биде разделен од неговите родители и сакани.Дури,и во вистинскиот живот има сеуште луѓе што размислуваат како Бак и се солидарни и добри како него.Ликот Бак е комплексен бидејќи гледа и од аспектот на другите.
No comments:
Post a Comment