"Илијада " - Хомер
Во Илијада се опишуваат надтаните кои се случиле во период од 51 ден,во последната година од Тројанската војна.Дејствието на книгата започнува со гневот на Ахил кон Агамемнон бидејќи му ја земал омилената робинка Брисеида.Ахил се повлекува од војната но ја следи од својот кораб.
До тогаш војната имала рамноправен карактер,бидејќи во двобоите на јунаците боговите секогаш ги бранеле своите миленици.Но,по повлекувањето на Ахил,богот Зевс им забранил на боговите да се мешаат во војната.Тројанците победуваат во војната и ја потиснуваат Ахиловата војска до нивниот логор.Божицата Хера се вмешува во битката и Хектор е повреден,и неговата војска морала да се повлече.
Партокле,другарот на Ахил,со желба да и помогне на војската ја зема облеката и мечот на Ахил и ја поведува војската во бој.Тој се надева дека ке ја измами Тројанската војска и таа ке мисли дека Ахил се вратил.Но,за кратко време војската ке сфати дека тоа не е Ахил и Хектор ке го предизвика на двобој Патрокле и ќе го уибе.А за награда му ја одзема воената опрема.
Смртта на Патрокле многу го погодува Ахил и сака да се одмазди.Ја поведува својата војска и го предизвикува Хектор на двобој.Ахил го убива Хектор, и го врзува за својата приколка и го влече пред очите на Тројанците.Потоа го носи мртвото тело на Хектор во логорот.
Кралот Пријам,скршен од тага по неговиот син,оди во логорот на Ахил и понизно го моли да му го врати синот.Ахил е трогнат од неговите молби и му го предава телото.Војната е сопрена во наредните 12 дена за да може Хектор да биде закопан со сите почести.
No comments:
Post a Comment