Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите на моја возраст?
Јас мислам дека ова време во коешто денес живеам е идеално за младите на моја возраст. Од пред 50год. и ова сега време е драстично сменето,но на добро. Секое време е различно и убаво на свој начин. Пред 50год. животот бил потежок од овој денес така велат дури и постарите. Сега,денес е се по упростено за младите да можат да се снајдат во секој поглед. На пример,многу е зголемена уптребата на технологијата,се користи во училиштата,за забава,и многу друго. Со употреба на технологијата ние во училиштето побрзо учимме,постојат квизови и игри за поголема едукација и со цел побрзо и на лесен начин да се научи материјалот. Заменети се премногу работи,како што се: писмата заменети со интернет блогови,а во меѓувреме ние младите имаме се поголем пристам до се со помош на технологијата,исто така децата не се изложени на живеење во војни туку веќе во мирен живот. И има уште многу да се зборува за ова прекрасно време во кое живеам,и уште милион факти да ја докажат идеалноста на ова време,но овде ги набројав највпечатливите за мене.
No comments:
Post a Comment