Saturday, November 4, 2017

Лектира бр3 Панонски легенди

                                                 Панонски легенди

                                        ( а)Житието на Кирил; б)Житието на Методиј)



Во ова лектирно дело ,,Панонски легенди" е опишан опишан животот и делото на Кирил и на Методиј.Составено е од два дела Житие на Кирил и Житие на Методиј.Има различни размислувања и тврдења од кои се издвојуваат две:
Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
 Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
Во житието на Кирил е е прикажан целиот живот на Кирил.Кирил е седмото дете на Лав и Марија,тие биле богато семејство и затоа му овозможиле добро образование на Кирил. Тој бил многу успешен човек кој учел многу,тоа се докажува по неговите успеси и дотигнувања во неговиот живот.Работел како наставник по филозофија во Магнаурската школа.Кирил така го добива епитетот филозоф.Како учен Кирил го испратиле на 3 миси:Арапска,Хазарска и Моравска мисија.Арапската мисија Кирил ја завршил успешно,целта на мисијата е ширење на христијанството.Хазарската била извршена од двајцата браќа,хазарите од нив побарале да го намалат еврејското и арапското влијание на мисионерите.Кирил имал можност да ја проучи граматиката и јазикот.Моравската мисија е најбитна бидејќи поради неа е создадена словенската азбука.Кирил во истата година кога се замонашил во Рим починал.Последната желба на Кирил пред да умре била да се продолжи неговото дело.
Житието на Методиј е напишано 6год. подоцна од житието на Кирил. Методиј се замонашил на пчанината Олимп и од таму го добива името Методиј.Потекнува од висок род.Во ова житие е опишана борбата меѓу германското свештенство и Методиј. Методиј бил назначен за архиепископ во 873год. Методиј бил постојано гонет од германското свештенство. Потоа прикажан е погребот на Методиј,а а неговата одлука била неговата дејност да ја продолжи Горазд.

No comments:

Post a Comment