Friday, December 22, 2017

„Бескрајна приказна" - Михаил Енде

                                                                 Есеј - „Бескрајна приказна"





          Во ова лектирно дело се зборува за храброто добродушно момче со прилично тежок живот исполнет со многу авантури,да,тоа е Бастијан.Бастијан е на возраст од 10год. но и покрај неговите години тој е многу љубопитен и обожува да чита книги.Овие настани се случуваат во текот на 20 век во месец ноември,настаните се одвиваат во училишниот кров и во библиотеката.
 Почеток на заплетот е всушност кога тој влегува во една стара библиотека со многу книги.По краткиот не многу  добар разговор co библиотекарот,Бастијан не ја добива посакуваната книга Бескрајна приказна бидејќи библиотекарот тврди дека тоа не е книга за негова возраст.Бастијан е разочаран во тој миг но не се откажува од неговата цел и ја краде таа книга.Бастијан почнува со читање на книгата и се соживува со неа,и додека ја чита ние читателите можеме да разбереме дека книгата не е навистина за него и дека библиотекарот бил во право.Бастијан влегол во книгата и од таму започнуваат неговите авантури,тој ја постигнува целта да избега од реалноста и реалниот за него суров свет,бидејќи тој е дете без мајка и другари и животот е суров кон него.
Бастијан се соочува со многу авантури кога влегол во книгата Бескрајна приказна но накрајот се завршува добро тој ја спасува кралицата од нејзината болест.Оваа книга не учи да бидеме храбри упорни и никогаш да не се откажуваме од нашите цели,и пред се да ги сакаме книгите бидејќи тие се најдобриот пријател на човекот.

Friday, November 17, 2017

"Повикот на дивината" -состав

                                           "Повикот на дивината" состав за анализа на лик(Бак)



Ликот Бак иако е куче тој е претставен како динамичен лик кој е свесен за работите што се случуваат околу него и соодветно на тоа тој реагира навремено на сите појави што се случуваат во неговиот живот.Бак би бил добра личност која им помага на луѓето и е многу храбар и издржлив.Храброста и добрината на Бак се покажани и опишани во многу наврати од романот,како што било кога кучето Тори заглавил во мразот Бак му помогнал и го спасил тука гледаме дека Бак е свесно,совесно и храбро куче кое размислува за работите навреме.Тој живее како роб,луѓето го искористуваат и мачат за тој да им служи и да ги врши тешките работи што неможат тие.Во денешното мое време каде живеам е се е поразвиено,најмногу технологијата и машинската индустрија,што ни овозможува наместо со помош на кучиња како во тој период, денес мразот да се вади со машини.Кучето Бак сите го доживејуваат на различен начин,на пример кучето Шпиц Бак го гледа како негов ривал и најголем противник,потоа Тар го гледа Бак како најдобар другар кој секогаш е тука за него,а пак луѓето го гледаат Бак како роб кој е обврзан да им слугува.Бак е потполно свесен како го гледаат другите ликови и сосема е свесен за она што го прави и тоа како постапува,но и другите како постапуваат кон него и како го доживејуваат.Бак и покрај тоа што е куче тој е по совесен од многу други луѓе на светот бидејќи е несебичен и секогаш размислува и на другите и се грижи за нив.Тој го гледа светот како сурово место за живеење во кое е изложен да робува и да биде разделен од неговите родители и сакани.Дури,и во вистинскиот живот има сеуште луѓе што размислуваат како Бак и се солидарни и добри како него.Ликот Бак е комплексен бидејќи гледа и од аспектот на другите.

Saturday, November 4, 2017

Илијада - Хомер

                                                        "Илијада " - Хомер


   Во Илијада се опишуваат надтаните кои се случиле во период од 51 ден,во последната година од Тројанската војна.Дејствието на книгата започнува со гневот на Ахил кон Агамемнон бидејќи му ја земал омилената робинка Брисеида.Ахил се повлекува од војната но ја следи од својот кораб.
   До тогаш војната имала рамноправен карактер,бидејќи во двобоите на јунаците боговите секогаш ги бранеле своите миленици.Но,по повлекувањето на Ахил,богот Зевс им забранил на боговите да се мешаат во војната.Тројанците победуваат во војната и ја потиснуваат Ахиловата војска до нивниот логор.Божицата Хера се вмешува во битката и Хектор е повреден,и неговата војска морала да се повлече.
   Партокле,другарот на Ахил,со желба да и помогне на војската ја зема облеката и мечот на Ахил и ја поведува војската во бој.Тој се надева дека ке ја измами Тројанската војска и таа ке мисли дека Ахил се вратил.Но,за кратко време војската ке сфати дека тоа не е Ахил и Хектор ке го предизвика на двобој Патрокле и ќе го уибе.А за награда му ја одзема воената опрема.
   Смртта на Патрокле многу го погодува Ахил и сака да се одмазди.Ја поведува својата војска и го предизвикува Хектор на двобој.Ахил го убива Хектор, и го врзува за својата приколка и го влече пред очите на Тројанците.Потоа го носи мртвото тело на Хектор во логорот.
   Кралот Пријам,скршен од тага по неговиот син,оди во логорот на Ахил и понизно го моли да му го врати синот.Ахил е трогнат од неговите молби и му го предава телото.Војната е сопрена во наредните 12 дена за да може Хектор да биде закопан со сите почести.

Лектира бр3 Панонски легенди

                                                 Панонски легенди

                                        ( а)Житието на Кирил; б)Житието на Методиј)



Во ова лектирно дело ,,Панонски легенди" е опишан опишан животот и делото на Кирил и на Методиј.Составено е од два дела Житие на Кирил и Житие на Методиј.Има различни размислувања и тврдења од кои се издвојуваат две:
Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
 Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
Во житието на Кирил е е прикажан целиот живот на Кирил.Кирил е седмото дете на Лав и Марија,тие биле богато семејство и затоа му овозможиле добро образование на Кирил. Тој бил многу успешен човек кој учел многу,тоа се докажува по неговите успеси и дотигнувања во неговиот живот.Работел како наставник по филозофија во Магнаурската школа.Кирил така го добива епитетот филозоф.Како учен Кирил го испратиле на 3 миси:Арапска,Хазарска и Моравска мисија.Арапската мисија Кирил ја завршил успешно,целта на мисијата е ширење на христијанството.Хазарската била извршена од двајцата браќа,хазарите од нив побарале да го намалат еврејското и арапското влијание на мисионерите.Кирил имал можност да ја проучи граматиката и јазикот.Моравската мисија е најбитна бидејќи поради неа е создадена словенската азбука.Кирил во истата година кога се замонашил во Рим починал.Последната желба на Кирил пред да умре била да се продолжи неговото дело.
Житието на Методиј е напишано 6год. подоцна од житието на Кирил. Методиј се замонашил на пчанината Олимп и од таму го добива името Методиј.Потекнува од висок род.Во ова житие е опишана борбата меѓу германското свештенство и Методиј. Методиј бил назначен за архиепископ во 873год. Методиј бил постојано гонет од германското свештенство. Потоа прикажан е погребот на Методиј,а а неговата одлука била неговата дејност да ја продолжи Горазд.

Wednesday, October 18, 2017

,,Средарот"- Григор Прличев Есеј

Поемата ,,Сердарот" е историско-јуначка поема во неа е опишана макотрпната војна меѓу Македонците и Гегите(Албанците) и Македонската борба за слобода.Оваа поема е напишана на грчки јазик поради конкурсот во Атина на кој Григор Прличев учествувал,со токму оваа поема ,,Сердарот" и освоил многу награди како што е и ловоров венец и дури бил прогласен за втор Хомер.Григор Прличев за оваа поема бил инспириран од тешкиот живот на македонците.Поемата е составена од 228 строфи и се по 4 стиха(катрени) од кои првиот и третиот се петнаестерци,а вториот и четвртиот се осмерци.Во неа мотивот е базиран на народна македонска поезија,додека стилски гледана има сложени епитети.Од друга страна пак опширната епска нарација и стилот се преземени од Хомер.Содржината на ,,Сердарот" започнува со потресна слика за положбата на македонскиот народ во Река и Галичник,каде е и локацијата на оваа поема.
Во ,,Сердарот " се споменати повеќемина ликови од кои централниот лик е мајката Неда која жали по нејзиниот загинат син Кузман. Неда исто така е лик кој Прличев го насликал по својата сакана мајка кон која чуствувал огромна и неизмерна љубов и почит.Тоа е само еден пример од стотиците вакви мачни случаи. Во оваа поема се спомнати и Гегите како противници на македонскиот народ и поради нивните тероризирања загинале многу македонски силни борци и јунаци како што бил и Кузман,тој и неговата приказна се пример за како им било и на повеќето македонски семејства во тој тежок период.
Неда како главен,централен дел во оваа поема е опишана како тажна и пожртвувана мајка на загинат син Кузман. Неда е уништена и многу гневна мајка таа е опишана детално како лик со голема тага и мака по својот загинат син кој до последниот здив се борел против Гегите и во една таква борба јунакот и загинал.Таа и покрај сета оваа болка по изгубениот син Неда е силна и храбра и не потпаѓа на зборовите и милоста на Гегите дека би сакале да ја штитат. Неда е опишана како борбена и жена со цврст став,со витка става и долга коса.
Кузман е уште на почетокот од ,,Сердарот "спомнат како загинат лик.Тој бил многу приврзан со мајка му Неда и со неговата сакана Марија што сакал да ја ожени.Кузман е опишан како многу храбра и добродушна личност која гине за македонскиот народ.Кузман загинал кај битката со Махмуд.Храбриот Кузман секогаш ги штител македонците и македонскиот народ од Гегите бил голем патриот и човек со широко срце,тој од друга страна пак бил немилосрден кон Албанците и убил многу од нив.
Гегите(Албанците) се против Македонците и Македонскиот народ, тие секојдневно правеле немири и го пљачкале народот,честопати Македонците биле тероризирани од страна на Гегите. Гегите од друга страна пак биле чесни и имаат голема почит кон својата мајка,така и  кон останатите мајки поради ова мајката Неда на загинатиот Кузман и ветиле дека ке ја чуваат и штитат и покажале огромен респект и кон неа и кон Кузман така тие ја докажуваат нивната чесност,почит и човечност.
,,Сердарот" има врвни уметнички квалитети.Стилот и силната уметничка дарба на Прличев се резултатот на оваа поема. Богатството на јазикот,стилските изразни средства,силата на претставувањето на ликовите фабулскиот тек ја ставаат оваа творба на највисоко место во литературата.Оваа поема е многу за Македонскиот народ и неговата историја затоа има многу верзии од оваа поема зада и ние денес ја читаме.

Thursday, March 30, 2017

Проект за Венко Андоновски(оценување)

                       Проект за Венко Андоновски - Сара М,Лина О,Михаела П(оценување)




      Јас мислам дека добро си ја завршив задачата,секако секогаш може и подобро но јас сум задоволна бидејќи си го извршив мојот дел од работата и го научив проектот и најважно ја разбрав содржината и научив повеќе информации за Венко Андоновски што до сега не сум ги знаела всушност и тоа е суштината на сите проекти.Јас во групата го барав текстот од интернет и го копирав потоа мојата соученичка Михаела што беше со мене во изработката на проектот ги бараше сликите од интернет а потоа ги копираше,а Сарa беше задолжена за пишување наслов,естетиката на проектот,креативното цртање и лепењето на сликите и текстот.Сите заедно се трудевме проектот да изгледа уникатно и да ги содржи сите елементи. Бидејќи си ги поделивме обврските и сите поединечно ги извршивме и се потрудивме за нас задачата беше лесна. Од другите соученици добивме релативно позитивни критики,само мислам дека во следен проект треба да го запазиме повеќе времетраењето на презентацијата,односно да го презен по споро и по разбирливо.
                       Проект за Венко Андоновски - Сара М,Лина О,Михаела П(оценување)




      Јас мислам дека добро си ја завршив задачата,секако секогаш може и подобро но јас го барав текстот од интернет и го копирав потоа мојата соученичка Михаела што беше со мене во изработката на проектот ги бараше сликите од интернет а потоа ги копираше,а Сарa беше задолжена за пишување наслов,естетиката на проектот,и креативното
                       Проект за Венко Андоновски - Сара М,Лина О,Михаела П(оценување)




      Јас мислам дека добро си ја завршив задачата,секако секогаш може и подобро но јас го барав текстот од интернет и го копирав потоа мојата соученичка Михаела што беше со мене во изработката на проектот ги бараше сликите од интернет а потоа ги копираше,а Сарa беше задолжена за пишување наслов,естетиката на проектот,
                       Проект за Венко Андоновски - Сара М,Лина О,Михаела П(оценување)




      Јас мислам дека добро си ја завршив задачата,секако секогаш може и подобро но јас го барав текстот од интернет и го копирав потоа мојата соученичка Михаела што беше со мене во изработката на проектот ги бараше сликите од интернет а потоа ги копираше.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во кое живеам е најдобро за младите од мојата генерација?

                   Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите на моја возраст?





Јас мислам дека ова време во коешто денес живеам е идеално за младите на моја возраст. Од пред 50год. и ова сега време е драстично сменето,но на добро. Секое време е различно и убаво на свој начин. Пред 50год. животот бил потежок од овој денес така велат дури и постарите. Сега,денес е се по упростено за младите да можат да се снајдат во секој поглед. На пример,многу е зголемена уптребата на технологијата,се користи во училиштата,за забава,и многу друго. Со употреба на технологијата ние во училиштето побрзо учимме,постојат квизови и игри за поголема едукација и со цел побрзо и на лесен начин да се научи материјалот. Заменети се премногу работи,како што се: писмата заменети со интернет блогови,а во меѓувреме ние младите имаме се поголем пристам до се со помош на технологијата,исто така децата не се изложени на живеење во војни туку веќе во мирен живот. И има уште многу да се зборува за ова прекрасно време во кое живеам,и уште милион факти да ја докажат идеалноста на ова време,но овде ги набројав највпечатливите за мене.