Во ова лектирно дело се зборува за храброто добродушно момче со прилично тежок живот исполнет со многу авантури,да,тоа е Бастијан.Бастијан е на возраст од 10год. но и покрај неговите години тој е многу љубопитен и обожува да чита книги.Овие настани се случуваат во текот на 20 век во месец ноември,настаните се одвиваат во училишниот кров и во библиотеката.
Почеток на заплетот е всушност кога тој влегува во една стара библиотека со многу книги.По краткиот не многу добар разговор co библиотекарот,Бастијан не ја добива посакуваната книга Бескрајна приказна бидејќи библиотекарот тврди дека тоа не е книга за негова возраст.Бастијан е разочаран во тој миг но не се откажува од неговата цел и ја краде таа книга.Бастијан почнува со читање на книгата и се соживува со неа,и додека ја чита ние читателите можеме да разбереме дека книгата не е навистина за него и дека библиотекарот бил во право.Бастијан влегол во книгата и од таму започнуваат неговите авантури,тој ја постигнува целта да избега од реалноста и реалниот за него суров свет,бидејќи тој е дете без мајка и другари и животот е суров кон него.
Бастијан се соочува со многу авантури кога влегол во книгата Бескрајна приказна но накрајот се завршува добро тој ја спасува кралицата од нејзината болест.Оваа книга не учи да бидеме храбри упорни и никогаш да не се откажуваме од нашите цели,и пред се да ги сакаме книгите бидејќи тие се најдобриот пријател на човекот.