Поемата ,,Сердарот" е историско-јуначка поема во неа е опишана макотрпната војна меѓу Македонците и Гегите(Албанците) и Македонската борба за слобода.Оваа поема е напишана на грчки јазик поради конкурсот во Атина на кој Григор Прличев учествувал,со токму оваа поема ,,Сердарот" и освоил многу награди како што е и ловоров венец и дури бил прогласен за втор Хомер.Григор Прличев за оваа поема бил инспириран од тешкиот живот на македонците.Поемата е составена од 228 строфи и се по 4 стиха(катрени) од кои првиот и третиот се петнаестерци,а вториот и четвртиот се осмерци.Во неа мотивот е базиран на народна македонска поезија,додека стилски гледана има сложени епитети.Од друга страна пак опширната епска нарација и стилот се преземени од Хомер.Содржината на ,,Сердарот" започнува со потресна слика за положбата на македонскиот народ во Река и Галичник,каде е и локацијата на оваа поема.
Во ,,Сердарот " се споменати повеќемина ликови од кои централниот лик е мајката Неда која жали по нејзиниот загинат син Кузман. Неда исто така е лик кој Прличев го насликал по својата сакана мајка кон која чуствувал огромна и неизмерна љубов и почит.Тоа е само еден пример од стотиците вакви мачни случаи. Во оваа поема се спомнати и Гегите како противници на македонскиот народ и поради нивните тероризирања загинале многу македонски силни борци и јунаци како што бил и Кузман,тој и неговата приказна се пример за како им било и на повеќето македонски семејства во тој тежок период.
Неда како главен,централен дел во оваа поема е опишана како тажна и пожртвувана мајка на загинат син Кузман. Неда е уништена и многу гневна мајка таа е опишана детално како лик со голема тага и мака по својот загинат син кој до последниот здив се борел против Гегите и во една таква борба јунакот и загинал.Таа и покрај сета оваа болка по изгубениот син Неда е силна и храбра и не потпаѓа на зборовите и милоста на Гегите дека би сакале да ја штитат. Неда е опишана како борбена и жена со цврст став,со витка става и долга коса.
Кузман е уште на почетокот од ,,Сердарот "спомнат како загинат лик.Тој бил многу приврзан со мајка му Неда и со неговата сакана Марија што сакал да ја ожени.Кузман е опишан како многу храбра и добродушна личност која гине за македонскиот народ.Кузман загинал кај битката со Махмуд.Храбриот Кузман секогаш ги штител македонците и македонскиот народ од Гегите бил голем патриот и човек со широко срце,тој од друга страна пак бил немилосрден кон Албанците и убил многу од нив.
Гегите(Албанците) се против Македонците и Македонскиот народ, тие секојдневно правеле немири и го пљачкале народот,честопати Македонците биле тероризирани од страна на Гегите. Гегите од друга страна пак биле чесни и имаат голема почит кон својата мајка,така и кон останатите мајки поради ова мајката Неда на загинатиот Кузман и ветиле дека ке ја чуваат и штитат и покажале огромен респект и кон неа и кон Кузман така тие ја докажуваат нивната чесност,почит и човечност.
,,Сердарот" има врвни уметнички квалитети.Стилот и силната уметничка дарба на Прличев се резултатот на оваа поема. Богатството на јазикот,стилските изразни средства,силата на претставувањето на ликовите фабулскиот тек ја ставаат оваа творба на највисоко место во литературата.Оваа поема е многу за Македонскиот народ и неговата историја затоа има многу верзии од оваа поема зада и ние денес ја читаме.